Санаториум со нова песна Параноја!

Снимена е нова песна со наслов Параноја.

ПАРАНОЈА

Врти светот околу мене
Изгрева сонце, во душа мрак
Сенки ме гонат, бегам сам
Сите против мене? …ДА ДА ДА!!!
Мала фигура стои на табла
Паѓам долу последен пат
Емоција страшна душа ми пара
Крвави усни… во глава

Параноја

Заробени души мене ме следат
Секој чекор злоба и страв
Омраза, сомнеж, врзан во мрежа
…вистина гледам? …НЕ НЕ НЕ!!!
Валкана игра, приказна стара
Бегам без трага последен пат
Студени бои на платно се топат
Крвави усни… во глава

Параноја

Pero Stefanovski – Vocals, Guitar
Goran Atanasov – Drums
Goran Stanković – Bass
Boban Vasileski – Guitar

Music, Lyrics & Arrangement by Pero Stefanovski, Goran Atanasov, Goran Stanković, Boban Vasileski & Konstantin Kačev
Drums recorded @ Password Production by Boban Vasileski & Darko Darkovski
Chorus vocals, Backing vocals & Pero Stefanovski`s guitars recorded by Aleksandar Stefanovski
Audio recorded, edited & engineered by Boban Vasileski
Stem mixed & mastered by Alexandros Chrysidis (Sierra Studios)
Video recorded by Goran Atanasov & Boban Vasileski
Video edited and video produced by Goran Atanasov

Special thanks to: Password Production, Login Kočiski, Do Re Mi - Musical Instruments, our families, our friends & our fans!

Санаториум со нов гитарист!

Почитувани фанови,

Како што можеби веќе знаете Константин Качев - Рус, поради приватни причини не е во можност да учествува во понатамошната работа на бендот. Од тие причини сакаме да Ве известиме дека имаме нов член.

Чест ни е официјално да ви го претставиме новиот гитарист на Санаториум Бобан Василески.

Добредојде Боби.

Бобан Василески


Фотографирано од Стефан Рајхл

Cheerz \m/
Sanatorium

Промоција на нова песна "МОЛК" со видео спот, Среда 08.04.2015 во 19:00 часот, МКЦ

САНАТОРИУМ ќе ја промовира својата нова песна "МОЛК" со видео спот во Среда 08.04.2015 во 19:00 часот во МКЦ.
Ќе има и промоција на новите маици.

Промо фотка од спотот

Повеќе детали за спотот и промоцијата:

Режија и фотографија: Горан Наумовски
Монтажа и постпродукција: Ванчо Мираковски

Постпродукција: Пигменто студио
Фокус: Тони Стојановски
Асистент на камера: Виктор Николовски
Организатор: Горан Стојилковиќ

Аудио: Ивица Јанкуловски
Студио: marryPHAT studio

Водители:
Љупчо Јолевски
Ѓорѓи Иловски - SMUT

Актери:
Ивица Цонев
Перо Стефановски
Константин Качев
Горан Атанасов
Горан Станковиќ

Кажи НЕ!

Нов сингл насловен "Кажи НЕ!".

Линкови за превземање во аудио формат (десен клик "save as")



<p>КАЖИ НЕ!</p><p>НЕ ГО ЗНАМ ВЕЌЕ ОВОЈ СВЕТ
ТИ СИ ДОБАР ЈАС СУМ ЧОВЕК КЛЕТ
КОЈ СИ ТИ, НЕ ЗНАМ КОЈ СУМ ЈАС
ЗА ВАКВА БОЛЕСТ НЕМА СПАС</p><p>СИВАТА ЕМИНЕНЦИЈА
ТОТАЛНА ДЕЛИКВЕНЦИЈА
НЕГОВА ЕКСЕЛЕНЦИЈА
НА СИТЕ ВАС ВИ КАЖАВ НЕ</p><p>ИМ КАЖАВ НЕ
НЕ!
НЕ!ИМ КАЖАВ НЕ!</p><p>КАЖИ НЕ!</p>

Санаториум во студио!

Санаториум влезе во студио и ги снима првите 3 песни од новиот албум: Молк, Кажи НЕ и Молитва. Песните се снимаат во Студио marryPHAT. Можете да видите неколку фотки од студио. Следете нè на Facebook и Twitter за дополнителни новости што ќе следуваат.

Санаториум во студио

Санаториум на Belgrade Calling Festival 2012

Belgrade Calling Festival 2012

Електрична траума на работ на разумот!!!

Добра свирка, дружба, пиво, ... со Ozzy, Slash, Johnny Rotten, The Cult, Paradise Lost, Black Label Society, Satyricon, Faith No More, … и многу фанови. Еве ги фотографиите.

Сет листа:

Wasted Existence
Our Doom
Inhuman Commands
Операција на мозокот
Epidemic of Hate
Live in Silence
Illusion of Mind Confusion
Во себе умирам
Без разум и свест

Belgrade Calling festival 2012

Денес започнува Belgrade Calling фестивал 2012 во Белград. Санаториум ќе настапат утре (28.06.2012) во 01:00 часот по полноќ после Ozzy & Friends. Следуваат официјалниот плакат и распоредот на бендови. 

Belgrade Calling Festival

Belgrade Calling Line Up

Санаториум на Ozzy & Friends фестивал (28.06.2012, Белград)

Санаториум ќе настапат на Ozzy & Friends фестивалот во Белград на 28ми Јуни 2012 година. По настапите со Motorhead, Slayer, Halford и Soulfly, ова е уште една можност да се дели сцената со големи светски музички имиња како Ozzy Osbourne, Black Label Society, Paradise Lost, The Cult и Satyricon.

OZZY OSBOURNE & FRIENDS FESTIVAL

28.06.2012 PARK UŠĆE, BELGRADE, SERBIA

OZZY OSBOURNE & FRIENDS + special guest SLASH
THE CULT
BLACK LABEL SOCIETY
PARADISE LOST
SATYRICON
SANATORIUM

Санаториум на Scream Festival (18.02.2012, Метрополис Арена)

Scream Music FestivalИЗМЕНА: Поради многу снег, фестивалот е одложен за 18ти Февруари (првично беше закажан за 11ти Февруари).

Санаториум ќе настапат на Scream Music Festival во Метрополис Арена во Сабота на 18-ти Февруари, 2012та година.

Исто така, како што можете да забележите изгледот на сајтот е освежен и можете да коментирате на сите објавени новости.

Се гледаме на 18ти Февруари! \m/

Ноќни Волци Мото Фестивал 2011

Санаториум на Ноќни Волци 2011 фестивалНастапот на Санаториум на вчерашниот мото-фест беше вистинска експлозија. Атмосферата беше луда од самиот почеток и свирката траеше околу 90-тина минути. Публиката имаше можност да чуе многу стари песни од "На Работ На Разумот" албумот кои ги немавме чуено од поодамна. Можете да видите неколку слики направени од:

Емилија Маневска / Дневник
Константин Качев / Санаториум
Останати / Разно

Еве ја и сет листата:

Intro Сенка на смртта
Wasted existence
Град
Епидемија на омраза
Illusion of mind confusion
Live in silence
Удобен ковчег
Inhuman commands
No more patience
Секој ден
Ultra speed
Санаториум
Операција на мозокот
Во себе умирам
Our doom
Без разум и свест

Санаториум 2011 - Слики

Санаторуим 2011Во галерија се додадени 2 нови слики од Санаториум во 2011 година. Покрај членовите од оргиналната постава, на сликите е и Бобан кој ќе го замени Рус на свирката на Скопско Кале.

Санаториум повторно на сцена

Санаториум во живоПо 7 години од последниот настап на Peace Unlimited Фестивал, Санаториум ќе настапат во рамките на мото-фестот организиран од клубот "Ноќни волци". Настанот ќе се случи на Скопско Кале (11ти Јуни 2011). За жал, Костадин Качев - Рус нема да биде во можност да настапи поради уметничка изложба во Германија, а негова замена ќе биде Бобан Василески

Back to Thrash! \m/

Нов изглед на сајтот

Сајтов е со нов изглед и организација. Додаденa е страница за коментари, каде може да ги напишете и вашите. Доколку сакате да бидете информирани кога ќе има некоја новост, додадете ја вашата e-mail адреса во листата.

Нови фотки од фанови

Robb Flynn & СанаториумМинатата недела во Скопје гостуваа две светски познати имиња од метал сцената: Kreator (Германија) и Machine Head (САД), па некои од нив имаа прилика да се сликаат со Санаториум.

Репорт од Peace Unlimited Фестивал

Настапот започнува со Шпирт во центар на сцената како ги отвара првите тонови од политичката тема „Wasted Existence“. Рус и Црни влетуваат на сцена, Глупсон ги стартува тапаните и блесоците од осветлувањето кои во тој ритам ја прекриваат сцената. Следува задната авторска песна „Во Себе Умирам“ која е најава за новиот студиски материјал и песната „Град“ која веќе почнува да ги нагризува грлaтa на оние во првите редови.

Понатаму одат „Епидемија на Омраза“, „Illusion Of Mind Confusion“, „Live In Silence“ и легендарната „Ultra Speed“ поделена на два дела со вокали на Рус и Шпирт. Публиката ја владее одлично расположение, а ништо поразлично не е ниту на сцената. Шпирт постојано комуницира со публиката, Црни го подава басот кон фановите, се обидува да се качи на кутиите од озвучувањето (на крај завршува со фрлање на басот на сцена), а и Рус и Глупсон ја надополнуваат атмосферата во таа насока.

Следуваат „Санаториум“, „Операција На Мозокот“, „Our Doom“ и „Без Разум И Свест“ каде на почетокот вокалите целосно ги препуштија на публиката за да ги потрошат и задните молекули на енергија во нив.Иако Санаториум свиреа околу еден час (останатите бендови по 30-45 мин), ова веројатно ќе им биде запишано како најкраток настап во кариерата поради промената на времето со враќањето на 1 час назад токму меѓу 02.00 и 03.00 часот кога што и настапија.

Peace Unlimited Фестивал

Во Сабота, на 30 Октомври 2004 година, Санаториум ќе настапат на Peace Unlimited фестивал. Фестивалот е организиран од CIVIL како 5-дневно случување со завршен концерт на Скопски Саем во 5-тата хала. Влезниците се по цена од 150 ден и веќе ги има во: Jugoton, Record Records, Life Radio, Bravo, Krug, итн. За концертов покрај Санаториум на официјалниот флаер и плакат се најавени уште следниве бендови: Last Expedition, Blla-Blla-Blla..., Point Blank, D Daltons, Amon mRa and the Patients, Foltin, Bei The Fish.

Падна главниот фраер

ЦрниKако што стојат работите, некои од новите песни на Санаториум најверојатно прв пат јавно во живо ќе бидат промовирани на свадба :) кон крајот на Септември по моментот кога Црни ќе го потпише договорот на неопределено време со Лејла. Сеуште не е познато кој ќе свири бас за таа прилика. :)

GOOD LUCK!

Санаториум во Белград

Во Петок, 23 Февруари 2003 година, Санаториум ќе настапат во „Hala Sportova“ во Белград (Србија) заедно со: Soulfly, Good Eye Closed и Overdrive. Концертот започнува во 20 часот.

Репорт од Don't Be Local Фестивал

Во Петок, на 8 Септември 2002 година во локалитетот Стара Бања (Куманово) се одржа Don't Be Local фестивалот каде настапија Санаториум заедно со уште неколку бендови од Македонија.

Околу 16.30 часот Санаториум пристигнаа во Куманово во одлично расположение и направија кратка тонска проба на која ги отсвиреа "Wasted Existence" и дел од "Без Разум И Свест". На сцена излегоа околу 21.00 часот и во тие моменти беше исфрлен огномет, неколку огнени сфери блеснаа високо. Следуваше силен аплауз и веќе просторот пред сцената доби своја тежина од која се слушаа извиците: „Санаториум“ и „Ultra Speed“.

Во 21.15 сцената ја прекрива дим, се проѕираат неколку светли блесоци и Санаториум започнуваат со песната „Град“. Толпата се раздвижува на сите страни и пее во еден глас, а песната „Град“ преминува во „Епидемија на Омраза“. Следуваат „Wasted Existence“, „Illusion Of Mind Confusion“, „Секој Ден“, „No More Patience“, „Live In Silence“ за време на кои публиката тотално полудува и после секоја песна скандира „Ultra Speed, Ultra Speed, Ultra Speed...“. Црни се зеза прашувајќи „Која песна?“, на што сите во еден глас одговараат „ULTRA SPEED“. Ја соблекува маицата и следи „Ultra Speed“ со Црни и Рус на вокал. Во првите редови публиката се шутира на сите страни, а некои од нив се исфрлаат до сцената и таму се здивуваат. Завршува првиот дел и пауза од 15 сек во која публиката повторно скандира „Ultra Speed, Ultra Speed, Ultra Speed...“, по што следува бас солирањето и продолжува вториот дел од песната. Следуваа уште добро познатите "Во Себе Умирам", "Без Разум И Свест" и "Our Doom" со кои Санаториум го затворија нивниот настап.

Аларм Фестивал

Во Петок, 12 Јули 2002 година, Санаториум ќе настапат на фестивалот Аларм во Љубаништа (Охрид).

T-Rock Фестивал

Во Сабота, 8 Јуни 2002 година, во рамките на T-Rock Фестивал во Тетово ќе настапат Санаториум. Фестивалот започнува во 19.00 часот и на него ќе учествуваат вкупно 10 бендови. Покрај Санаториум ќе свират уште: Суперхикс, Мозаик, Инфинити од Прилеп, Партали од Крива Паланка и уште 5 бендови од Тетово. Сите заинтересирани можат да подигнат бесплати влезници во сите поголеми продавници за музички дискови.

Our Doom Coming Soon

Потврдени се уште 2 концерти.

8 Јуни 2002, Тетово, Македонија
Фестивал: T-Rock
Бендови: Санаториум, други

3 Јули 2002, Софија, Бугарија
Стадион: Академик
Фестивал: Арена Музика
Бендови: Halford, Slayer, Sanatorium

Свирка во Lady Blue

Во Понеделник, 15 Април 2002 година, во клубот Lady Blue (екс-Кристијан) со почеток во 23.00 часот Санаториум ќе имаат клубска свирка. Бројот на посетителите е лимитиран (400).

Промоција во Кочани

Во Саботата, 16 Март 2002 година, Шпирт и Црни го промовираа новиот албум во Кочани. Во крчмата B&G, каде што се одвиваше целата забава, дојде голем број на луѓе кои можеа да се дружат и уживаат во добрата атмосфера. Предходно, Црни и Шпирт дадоа интервјуа за локалната ТВ и радио станицa.

Санаториум во Битола

Во Четврток, 9 Март 2002 година, Санаториум ќе настапат во диско клубот „Sving“ во Битола. Гости на концертот ќе бидат „Morbili“ од Охрид и „Fluor“ од Битола.