Репорт од Peace Unlimited Фестивал
Настапот започнува со Шпирт во центар на сцената како ги отвара првите тонови од политичката тема „Wasted Existence“. Рус и Црни влетуваат на сцена, Глупсон ги стартува тапаните и блесоците од осветлувањето кои во тој ритам ја прекриваат сцената. Следува задната авторска песна „Во Себе Умирам“ која е најава за новиот студиски материјал и песната „Град“ која веќе почнува да ги нагризува грлaтa на оние во првите редови.
Понатаму одат „Епидемија на Омраза“, „Illusion Of Mind Confusion“, „Live In Silence“ и легендарната „Ultra Speed“ поделена на два дела со вокали на Рус и Шпирт. Публиката ја владее одлично расположение, а ништо поразлично не е ниту на сцената. Шпирт постојано комуницира со публиката, Црни го подава басот кон фановите, се обидува да се качи на кутиите од озвучувањето (на крај завршува со фрлање на басот на сцена), а и Рус и Глупсон ја надополнуваат атмосферата во таа насока.
Следуваат „Санаториум“, „Операција На Мозокот“, „Our Doom“ и „Без Разум И Свест“ каде на почетокот вокалите целосно ги препуштија на публиката за да ги потрошат и задните молекули на енергија во нив.Иако Санаториум свиреа околу еден час (останатите бендови по 30-45 мин), ова веројатно ќе им биде запишано како најкраток настап во кариерата поради промената на времето со враќањето на 1 час назад токму меѓу 02.00 и 03.00 часот кога што и настапија.