Репорт од Don't Be Local Фестивал
Во Петок, на 8 Септември 2002 година во локалитетот Стара Бања (Куманово) се одржа Don't Be Local фестивалот каде настапија Санаториум заедно со уште неколку бендови од Македонија.
Околу 16.30 часот Санаториум пристигнаа во Куманово во одлично расположение и направија кратка тонска проба на која ги отсвиреа "Wasted Existence" и дел од "Без Разум И Свест". На сцена излегоа околу 21.00 часот и во тие моменти беше исфрлен огномет, неколку огнени сфери блеснаа високо. Следуваше силен аплауз и веќе просторот пред сцената доби своја тежина од која се слушаа извиците: „Санаториум“ и „Ultra Speed“.
Во 21.15 сцената ја прекрива дим, се проѕираат неколку светли блесоци и Санаториум започнуваат со песната „Град“. Толпата се раздвижува на сите страни и пее во еден глас, а песната „Град“ преминува во „Епидемија на Омраза“. Следуваат „Wasted Existence“, „Illusion Of Mind Confusion“, „Секој Ден“, „No More Patience“, „Live In Silence“ за време на кои публиката тотално полудува и после секоја песна скандира „Ultra Speed, Ultra Speed, Ultra Speed...“. Црни се зеза прашувајќи „Која песна?“, на што сите во еден глас одговараат „ULTRA SPEED“. Ја соблекува маицата и следи „Ultra Speed“ со Црни и Рус на вокал. Во првите редови публиката се шутира на сите страни, а некои од нив се исфрлаат до сцената и таму се здивуваат. Завршува првиот дел и пауза од 15 сек во која публиката повторно скандира „Ultra Speed, Ultra Speed, Ultra Speed...“, по што следува бас солирањето и продолжува вториот дел од песната. Следуваа уште добро познатите "Во Себе Умирам", "Без Разум И Свест" и "Our Doom" со кои Санаториум го затворија нивниот настап.