Падна главниот фраер

ЦрниKако што стојат работите, некои од новите песни на Санаториум најверојатно прв пат јавно во живо ќе бидат промовирани на свадба :) кон крајот на Септември по моментот кога Црни ќе го потпише договорот на неопределено време со Лејла. Сеуште не е познато кој ќе свири бас за таа прилика. :)

GOOD LUCK!

Санаториум во Белград

Во Петок, 23 Февруари 2003 година, Санаториум ќе настапат во „Hala Sportova“ во Белград (Србија) заедно со: Soulfly, Good Eye Closed и Overdrive. Концертот започнува во 20 часот.

Репорт од Don't Be Local Фестивал

Во Петок, на 8 Септември 2002 година во локалитетот Стара Бања (Куманово) се одржа Don't Be Local фестивалот каде настапија Санаториум заедно со уште неколку бендови од Македонија.

Околу 16.30 часот Санаториум пристигнаа во Куманово во одлично расположение и направија кратка тонска проба на која ги отсвиреа "Wasted Existence" и дел од "Без Разум И Свест". На сцена излегоа околу 21.00 часот и во тие моменти беше исфрлен огномет, неколку огнени сфери блеснаа високо. Следуваше силен аплауз и веќе просторот пред сцената доби своја тежина од која се слушаа извиците: „Санаториум“ и „Ultra Speed“.

Во 21.15 сцената ја прекрива дим, се проѕираат неколку светли блесоци и Санаториум започнуваат со песната „Град“. Толпата се раздвижува на сите страни и пее во еден глас, а песната „Град“ преминува во „Епидемија на Омраза“. Следуваат „Wasted Existence“, „Illusion Of Mind Confusion“, „Секој Ден“, „No More Patience“, „Live In Silence“ за време на кои публиката тотално полудува и после секоја песна скандира „Ultra Speed, Ultra Speed, Ultra Speed...“. Црни се зеза прашувајќи „Која песна?“, на што сите во еден глас одговараат „ULTRA SPEED“. Ја соблекува маицата и следи „Ultra Speed“ со Црни и Рус на вокал. Во првите редови публиката се шутира на сите страни, а некои од нив се исфрлаат до сцената и таму се здивуваат. Завршува првиот дел и пауза од 15 сек во која публиката повторно скандира „Ultra Speed, Ultra Speed, Ultra Speed...“, по што следува бас солирањето и продолжува вториот дел од песната. Следуваа уште добро познатите "Во Себе Умирам", "Без Разум И Свест" и "Our Doom" со кои Санаториум го затворија нивниот настап.

Аларм Фестивал

Во Петок, 12 Јули 2002 година, Санаториум ќе настапат на фестивалот Аларм во Љубаништа (Охрид).

T-Rock Фестивал

Во Сабота, 8 Јуни 2002 година, во рамките на T-Rock Фестивал во Тетово ќе настапат Санаториум. Фестивалот започнува во 19.00 часот и на него ќе учествуваат вкупно 10 бендови. Покрај Санаториум ќе свират уште: Суперхикс, Мозаик, Инфинити од Прилеп, Партали од Крива Паланка и уште 5 бендови од Тетово. Сите заинтересирани можат да подигнат бесплати влезници во сите поголеми продавници за музички дискови.

Our Doom Coming Soon

Потврдени се уште 2 концерти.

8 Јуни 2002, Тетово, Македонија
Фестивал: T-Rock
Бендови: Санаториум, други

3 Јули 2002, Софија, Бугарија
Стадион: Академик
Фестивал: Арена Музика
Бендови: Halford, Slayer, Sanatorium

Свирка во Lady Blue

Во Понеделник, 15 Април 2002 година, во клубот Lady Blue (екс-Кристијан) со почеток во 23.00 часот Санаториум ќе имаат клубска свирка. Бројот на посетителите е лимитиран (400).

Промоција во Кочани

Во Саботата, 16 Март 2002 година, Шпирт и Црни го промовираа новиот албум во Кочани. Во крчмата B&G, каде што се одвиваше целата забава, дојде голем број на луѓе кои можеа да се дружат и уживаат во добрата атмосфера. Предходно, Црни и Шпирт дадоа интервјуа за локалната ТВ и радио станицa.

Санаториум во Битола

Во Четврток, 9 Март 2002 година, Санаториум ќе настапат во диско клубот „Sving“ во Битола. Гости на концертот ќе бидат „Morbili“ од Охрид и „Fluor“ од Битола.