Санаториум на Scream Festival (18.02.2012, Метрополис Арена)

Scream Music FestivalИЗМЕНА: Поради многу снег, фестивалот е одложен за 18ти Февруари (првично беше закажан за 11ти Февруари).

Санаториум ќе настапат на Scream Music Festival во Метрополис Арена во Сабота на 18-ти Февруари, 2012та година.

Исто така, како што можете да забележите изгледот на сајтот е освежен и можете да коментирате на сите објавени новости.

Се гледаме на 18ти Февруари! \m/

Ноќни Волци Мото Фестивал 2011

Санаториум на Ноќни Волци 2011 фестивалНастапот на Санаториум на вчерашниот мото-фест беше вистинска експлозија. Атмосферата беше луда од самиот почеток и свирката траеше околу 90-тина минути. Публиката имаше можност да чуе многу стари песни од "На Работ На Разумот" албумот кои ги немавме чуено од поодамна. Можете да видите неколку слики направени од:

Емилија Маневска / Дневник
Константин Качев / Санаториум
Останати / Разно

Еве ја и сет листата:

Intro Сенка на смртта
Wasted existence
Град
Епидемија на омраза
Illusion of mind confusion
Live in silence
Удобен ковчег
Inhuman commands
No more patience
Секој ден
Ultra speed
Санаториум
Операција на мозокот
Во себе умирам
Our doom
Без разум и свест

Санаториум 2011 - Слики

Санаторуим 2011Во галерија се додадени 2 нови слики од Санаториум во 2011 година. Покрај членовите од оргиналната постава, на сликите е и Бобан кој ќе го замени Рус на свирката на Скопско Кале.

Санаториум повторно на сцена

Санаториум во живоПо 7 години од последниот настап на Peace Unlimited Фестивал, Санаториум ќе настапат во рамките на мото-фестот организиран од клубот "Ноќни волци". Настанот ќе се случи на Скопско Кале (11ти Јуни 2011). За жал, Костадин Качев - Рус нема да биде во можност да настапи поради уметничка изложба во Германија, а негова замена ќе биде Бобан Василески

Back to Thrash! \m/

Нов изглед на сајтот

Сајтов е со нов изглед и организација. Додаденa е страница за коментари, каде може да ги напишете и вашите. Доколку сакате да бидете информирани кога ќе има некоја новост, додадете ја вашата e-mail адреса во листата.

Нови фотки од фанови

Robb Flynn & СанаториумМинатата недела во Скопје гостуваа две светски познати имиња од метал сцената: Kreator (Германија) и Machine Head (САД), па некои од нив имаа прилика да се сликаат со Санаториум.

Репорт од Peace Unlimited Фестивал

Настапот започнува со Шпирт во центар на сцената како ги отвара првите тонови од политичката тема „Wasted Existence“. Рус и Црни влетуваат на сцена, Глупсон ги стартува тапаните и блесоците од осветлувањето кои во тој ритам ја прекриваат сцената. Следува задната авторска песна „Во Себе Умирам“ која е најава за новиот студиски материјал и песната „Град“ која веќе почнува да ги нагризува грлaтa на оние во првите редови.

Понатаму одат „Епидемија на Омраза“, „Illusion Of Mind Confusion“, „Live In Silence“ и легендарната „Ultra Speed“ поделена на два дела со вокали на Рус и Шпирт. Публиката ја владее одлично расположение, а ништо поразлично не е ниту на сцената. Шпирт постојано комуницира со публиката, Црни го подава басот кон фановите, се обидува да се качи на кутиите од озвучувањето (на крај завршува со фрлање на басот на сцена), а и Рус и Глупсон ја надополнуваат атмосферата во таа насока.

Следуваат „Санаториум“, „Операција На Мозокот“, „Our Doom“ и „Без Разум И Свест“ каде на почетокот вокалите целосно ги препуштија на публиката за да ги потрошат и задните молекули на енергија во нив.Иако Санаториум свиреа околу еден час (останатите бендови по 30-45 мин), ова веројатно ќе им биде запишано како најкраток настап во кариерата поради промената на времето со враќањето на 1 час назад токму меѓу 02.00 и 03.00 часот кога што и настапија.

Peace Unlimited Фестивал

Во Сабота, на 30 Октомври 2004 година, Санаториум ќе настапат на Peace Unlimited фестивал. Фестивалот е организиран од CIVIL како 5-дневно случување со завршен концерт на Скопски Саем во 5-тата хала. Влезниците се по цена од 150 ден и веќе ги има во: Jugoton, Record Records, Life Radio, Bravo, Krug, итн. За концертов покрај Санаториум на официјалниот флаер и плакат се најавени уште следниве бендови: Last Expedition, Blla-Blla-Blla..., Point Blank, D Daltons, Amon mRa and the Patients, Foltin, Bei The Fish.